Footscray Болница
Прошетајте низ новата Footscray Болница пред да се отвори за јавноста.
На оваа интерактивна мапа ќе бидете водени низ клучните делови на болницата, вклучувајќи ја ‘Hospital Street’, Одделот за итна медицинска помош, болничкиот оддел за пациенти и јавните простори.
Слушнете од архитектите, уметниците и персоналот како споделуваат приказни, пристапи во дизајнот, согледувања и моменти што го обликуваа проектот.
Што ќе ви биде потребно:
- Ваш телефон и слушалки
- Мапа на настанот — земете ја од Open House Melbourne Info Hub
Истражете ја болницата на свој начин, со сопствено темпо. Станиците може да се посетат во било кој редослед. Додека шетате, бидете свесни за околината и внимателни кон луѓето околу вас.
Слушнете овде корисни совети и насоки за да ја искористите вашата посета и да уживате во секој дел од Отворениот ден Болницата Footscray.
Болницата Footscray е една од најголемите инвестиции во инфраструктурата за јавно здравство во Викторија. Позната како ‘Наордната болница’, таа обединува современи клинички простори, дизајн насочен кон заедницата и интегриран јавен простор. Russell Harrison ја претставува визијата на проектот и очекувањата за тоа како пациентите, персоналот и посетителите ќе ја доживеат болницата.
Професор Russell Harrison — Главен извршен директор, Western Health
Russell премина од NHS во Англија и се прклучи на Western Health како Извршен директор за операции во февруари 2013 година, пред да биде назначен за Главниот извршен директор во октомври 2017. Во тој период Western Health се зголеми тројно и во однос на персоналот и буџетот, бидејќи популацијата во опфатот порасна на речиси 1.000.000 жители. Започнаа нови услуги како Ментално здравје и Здравствена заштита во затвори а доброволното спојување со Djerriwarah Health Services додаде уште повеќе услуги и поширок опфат. Тој има силен интерес да работи на подобрувања во грижата за пациентите и здравствениот систем, за да им овозможи пристап до здравствена заштита на најдобар можен начин.
Во срцето на болницата се наоѓа извонредната таписерија ‘Welcome to Country’ изработена во Австралиската работилница за таписерии. Уметниците Maree Clarke и Mitch Mahoney го објаснуваат микроскопскиот мотив на дизајнот кој се однесува на трската од реката Maribyrnong . Главната ткајачка Amy Cornall го опишува единствениот тридимензионален пристап, материјалите што се користени и заедничкиот напор вложен во нејзиното создавање.
Maree Clarke, уметница
Maree е Yorta Yorta/Wamba Wamba/Mutti Mutti/Boonwurrung жена од северозападна Викторија, која живее и работи во Мелбурн за повеќе од три децении.
Clarke е клучна фигура во обновувањето на уметничките практики на абориџините од југоисточна Австралија, оживувајќи елементи од абориџинската култура кои биле изгубени—или останале во мирување—за време на колонизацијата, како и лидер во поттикнувањето и промовирањето на разновидноста на современите абориџинскиуметници. Maree е позната по својата отворена, колаборативна културна практика, работејќи меѓу генерации за да го оживее културното знаење и користејќи технологија за да донесе нова публика кон абориџинските уметности.
Mitch Mahoney, уметник
Роден во северозападна Викторија покрај бреговите на реката Мари, Mitch е Boonwurrung/Barkindji уметник кој порасна во Милдура и во Hunter Valley. Како мултидисциплинарен уметник,, Mitch се фокусира на ревитализацијата наf абориџинските практики од југоистокот , создавајќи културни предмети како наметки од кожа од опосум, традиционални кануа од кора и црвена гума, и огрлици од заби од кенгур. Тој е специјализиран за линеарни цртежи и дизајн на абориџините од југоистокот . Неговата уметност ја одразува неговата Земја и природната врска што ја чувствува со сè што таа поддржува, создава и обезбедува, како и постојано променливото влијание што го има врз него.
Amy Cornall — Главна ткајачка, Австралиска работилница за таписерии
Amy започна во ATW in 2004, во 2004 година, додека го завршуваше дипломскиот студиум по ликовна уметност (Таписерија) на Универзитетот Monash. Amy работела на повеќе големи таписерии, меѓу кои Plant Song, 2020, дизајнирана од Janet Laurence, Bridle Track, Hill End, 2019, дизајниран од Luke Sciberras за Батурст регионална уметничка галерија, Alice Bayke, 2008, дизајнирана од Yvonne Todd за Уметничката галерија на Квинсленд и Abstract Structure, 2007, дизајнирана од Roger Kemp за Националната галерија на Викторија.
Доредојдовте во Фондација Western Health. Тука, дарежливоста на заедницата се претвора во вистинско влијание. Sharon Read ни објаснува како донациите финансираат витални иницијативи како најсовремена хируршка технологија, удобност за пациентите и програми што ја подобруваат грижата низ западниот дел на Мелбурн. Секој придонес, голем или мал, прави разлика, претворајќи ја поддршката во надеж, иновација и подобри искуства за пациентите и нивните семејства.
Sharon Read—Директорка, Фондација Western Health
Sharon е искусна раководителка со повеќе од 30 години искуство во високо лидерство низ Викторија. аа моментално ја извршува функцијата Директор за Промени и Трансформации и В.д. Директор на Western Health Фондацијата, каде што има клучна улога во стратегијата, иновациите и водењето на организациските промени. Со длабоко искуство во филантропија, ангажирање на засегнати страни и развој на заедницата, Шерон работи тесно со донатори, волонтери и партнери за да создаде одржливо и трајно влијание за луѓето што живеат на запад.
Во внатрешноста на Болницата Footscray, COX Architecture и Billard Leece Partnership се фокусираа на создавање мирни, интуитивни и светли ентериери кои поддржуваат благосостојба и ефикасна грижа. Од Hospital Street, Paul Curry опишува како природната светлина, врската со надворешноста и патеките за движење ги обликуваат секојдневните искуства на пациентите, персоналот и посетителите.
Paul Curry —Директор, COX Architecture
Вешт архитект и ентузијаст за дизајн, Paul има длабоко знаење низ повеќе сектори и географии, вклучувајќи значајни проекти за домување, здравство, хотели, спорт, комерција и правосудство. Оваа ширина на работа му овозможува да вгради богатство на дизајн и прагматично знаење во секој проект и го прави единствено способен да води големи тимови. Застапувајќи ја употребата на иновативни методологии, Paul ги претвора сложените стратешки, технички и прагматични барања во кохезивни градбени форми. Тој постојано испорачува висококвалитетна архитектура, нудејќи добро дизајнирани простори за луѓето, истовремено славејќи го поширокиот контекст на секој проект.
Делата на уметницата Olana Janfa внесуваат смели бои, енергија и раскажување во болничката средина.Olana ги опишува идеите зад делата што ги создаде за Footscray, обликувани од теми на заедница, грижа и културен израз. Olana е локален уметник ангажиран преку Plenary Health Consortium и неговиотпартнер за уметност во Болницата Footscray, Footscray Community Arts.
Olana Janfa, уметник
Роден во Адис Абеба, Етиопија, Олана емигрирал во Норвешка како тинејџер, пред да се пресели во Мелбурн (Наарм) во 2015 година. Како самообразован уметник, тој ја започна својата креативна практика во 2018 година, потпирајќи се на спомени од уметноста на Етиопската православна црква за да остане поврзан со своето наследство. Неговото творештво ја истражува идентитетот, искуството и културата, користејќи ја уметноста како јазик што оди надвор од зборовите. Практиката на Олана опфаќа илустрација, големи јавни уметнички дела и соработки, користејќи рециклирано дрво, пронајдени материјали, како и акрил, масло и пастел. Тој е исто така длабоко посветен на ангажманот со заедницата, водејќи работилници со културно и јазично разновидни и мигрантски млади луѓе.
Надворешниот пејзаж на болницата беше дизајниран од Tract за да создаде обновувачка, пристапна и богата со природа средина.Роб Копленд објаснува како задачата обликувала смел пристап кон засадувањето, надворешните простори и мрежите за движење, сите засновани околу централниот “Зелен Плоштад”. Од тука тој ги идентификува клучните карактеристики, нагласувајќи ја врската меѓу градинарските површини и зградите и како овие зелени простори се наменети да поддржат удобност, закрепнување и секојдневна употреба.
Роб Копленд — Главен пејзажен архитект и урбанистички дизајнер, Tract
Роб е страстени успешен пејзажен архитект и урбанистички дизајнер со извонредно искуство во развој на комплексни, одржливи и инклузивни здравствени и образовни установи, заедници со мешана намена, јавни простори и рекреативни објекти, како и пристапни улици и јавни простори со човечка размерност. Во секој проект тој настојува да обезбеди внимателно урбанистичко и пејзажно решение што одговара на локацијата и контекстот, вклучувајќи цврсти и искрени детали и материјали, праведен и инклузивен пристап, јавна уметност и уживање, одржливост и биодиверзитет, и да испорача убавина и логична едноставност што овозможува „дизајнот“ да биде потчинет на „местото“.
Однадвор, архитектурата на болницата е дизајнирана да изгледа отворено, поврзано и вкоренето во своето пејзажно опкружување. Пол Кариод COX Architecture објаснува како формата на зградата, фасадата и палетата на материјали се обликувани за да ја одразат визијата за гостопримлива, кон заедницата насочена болница.
Тој опишува како надворешноста одговара на внатрешните функции и како архитектурата ги зајакнува врските со околните улици и зелени простори.
Paul Curry – Директорна COX Architecture
Вешт архитект и ентузијаст за дизајн, Paul има длабоко знаење низ повеќе сектори и географии, вклучувајќи значајни проекти за домување, здравство, хотели, спорт, комерција и правосудство. Оваа ширина на работа му овозможува да вгради богатство на дизајн и прагматично знаење во секој проект и го прави единствено способен да води големи тимови. Застапувајќи ја употребата на иновативни методологии, Paul ги претвора сложените стратешки, технички и прагматични барања во кохезивни градбени форми. Тој постојано испорачува висококвалитетна архитектура, нудејќи добро дизајнирани простори за луѓето, истовремено славејќи го поширокиот контекст на секој проект.
Универзитетот Викторија (VU) има клучна улога во обучувањето на следната генерација здравствени професионалци. Професорка Alex Parker објаснува како VU ќе функционира во рамките на Болницата Footscray и што значи ко-локацијата за учење, истражување и клиничка обука. Таа ги разгледува придобивките од близината, заедничките простори и меѓудисциплинарната соработка за студентите кои учат и работат овде.
Професорка Alex Parker — Извршендиректор, Институт за здравје и спорт, Универзитет Викторија
Алекс раководи со мултидисциплинарна истражувачка група која има за цел да ја мери, разбере и промовира физичката активност за оптимизирање на менталната благосостојба и превенција и лекување на ментални заболувања. Алекс е исто така практикувачки клинички психолог специјализиран за ментално здравје кај младите.
Овој болнички оддел претставува голем чекор напред во дизајнот насочен кон пациентите. Слушнете од Michelel Read и Mark Mitchell за тоа што го разликува овој оддел од другите, од распоредот на просториите и природната светлина до подобрениот работен тек на персоналот. Тие објаснуваат како овие дизајнерски одлуки ја подобруваат удобноста и закрепнувањето на пациентите, истовремено поддржувајќи ефикасна грижа.
Michelle Read — Директорка за сестринство и акушерство, Болница Footscray, Western Health
Michelle се приклучи на проектниот тим на Болницата Footscray во декември 2023 година. Таа има обемно искуство во управување со прашања поврзани со сестринството и акушерството. Нејзините претходни улоги вклучуваат заменик директор на Одделот за сестринска и акушерска работна сила и водење на првата фаза од имплементацијата на Електронскиот медицински запис. Michelle е посветена на обезбедување одлична грижа и поддршка на професионалниот развој на медицинските сестри и акушерките. Таа има лична врска со Болницата Footscray, бидејќи таму е родена.
Mark Mitchell – Главен партнер, Раководител на здравствениот сектор, Billard Leece Partnership (BLP)
Mark имал значајна улога во растот, проширувањето и специјализацијата на здравствениот сектор во BLP. Како главенпартнер во практиката и лидер на здравствениот сектор, Mark е мисловен лидер кој со ентузијазам го споделува своето експертско знаење со тимот и со колегите локално и меѓународно. Mark успешно раководел со големи здравствени проекти во Австралија, Хонг Конг, Кина и Нов Зеланд. Како одговорен директор за новата Болница Footscray во Мелбурн, Mark го водел тимот кон заедничка визија „голема слика“ за да создаде значаен дизајнерски резултат за Western Health и Болницата Footscray,како и одржлив здравствено-образовен комплекс.
Одделот за итна медицинска помош е една од најзафатените и најкомплексни средини во болницата. Д-р Ainslie Senz нагласува како дизајнот ја балансира удобноста на пациентите со клиничката безбедност, започнувајќи со смирувачка чекална. Распоредот на Одделот за итна помош, интегрираната дијагностика и посебните простори за ментално здравје, сите обликувани преку увидот на персоналот, поддржуваат ефикасна грижа и адаптивност во иднина.
Д-р Ainslie Senz —Лекарка заитна медицинска помош и директорка на Одделот за итна медицинска помош воБолницата Footscray , WesternHealth
Ainslie била вклучена во визијата и дизајнот на новиот Оддел од самиот почеток и го смета за една од најпредизвикувачките и најнаградни активности во нејзината кариера. Сега, пред отворање, таа е уверена дека тимската работа меѓу клиничкиот персонал, архитектите и дизајнерите испорачала простор што ќе функционира за персоналот, пациентите и заедницата во многу години што следат.